Жителите на Костурино и годинава, покрај високите температури, останаа верни на традицијата. Како и секоја година празникот Петровден повторно беше во знакот на традиционалниот турнир во пеливанско борење, што секоја година се одржува на денешен ден.
Градоначалникот Костадинов ги пофали жителите на Костурино истакнувајќи:
- „Кога и високите горештини не се пречка да се остане верен на традицијата, тогаш Костурино и неговите граѓани ги заслужуваат сите мои честитки.“
Оваа долгогодишна традиција од претходните генерации се негува до ден денес, со љубов кон селото и љубов кон пеливанското борење.
Костадинов им го честиташе празникот и турнирот на граѓаните од Костурино.
- „Нека им е за многу години Петровден на сите граѓани кои го слават овој убав празник“, истакна тој.