Советот на Југоисточниот плански регион каде членуват градоначалниците на десетте општини од овој дел на државата, денеска заседава при што за нов претседател го избрааа првиот човек на Струмица Коста Јаневски. Во наредниот период Јаневски ке ја има задачата да се координираат работите за регионален рамномерен развој без поголеми разлики мегу руралните и урбаните средини
Градоначалниците на десетте опоштини од југоистокот се информираат и за тековните проекти кој ги реализира Центарот за развој на југоисточниот плански регион и неговите надлежности. Од центарот се убедени дека и овој состав на градоначалници одлуките ќе ги носат со консезус
Кој ќе бидат приоритетите на новиот совет на југоисточниот плански регион ќе се знае на следната седница која се планира во рок од две недели