Деновиве продолжи реконструкцијата со проширување на патниот правец Муртино – Банско во должина од 1.000 метри.
„Тој е еден од пофреквентните патни правци, поради земјоделските, економските и туристичките потенцијали во овој крај, но со недоволната ширина на коловозот беше небезбеден за учесниците во сообраќајот и поради тоа беше и меѓу нашите инфраструктурни приоритети.
Патната инфраструктура е многу значаен елемент во севкупниот развој на Општината, а особено во нашите населени места кои се „живи“ и развиени“, истакна градоначалникот Костадин Костадинов.