Денешниот ден, 9 Декември е прогласен за Меѓународен ден за борба против корупцијата. По тој повод, градоначалникот Костадинов на својот фејсбук профил напиша:
Корупцијата е „рак рана“ чии „метастази“ го разоруваат организмот на едно општество, заедница, институција, компанија…
Секоја злоупотреба на службената положба за остварување незаконска лична корист, секое мито, поткупување, проневера или изнуда, како различни форми на корупција, со своето штетно влијание, драстично го успоруваат развојот на средината во која живееме или работиме.
Затоа, повеќе од нужно е да кажеме „стоп“, повеќе од потребно е, во поглед на борбата против тоа зло, од зборови да се помине на дела кои ќе дадат конкретни резултати.
За корупција се потребни најмалку двајца, но за борба против неа потребни сме сите ние. На таа борба и е посветен само еден меѓународен ден, но сите денови во годината ни се потребни за да извојуваме заедничка победа.
Мојата борба има свој слоган: „Без корупција за среќна и напредна Струмица“