Градоначалникот Костадинов реагираше на несовесно однесување од страна на граѓани кои исфрлиле мебел на тротоар во Струмица.
– Од сите нас зависи каква слика сакаме да оставиме за Струмица.Оваа состојба не е ниту од Комуналец ниту од советниците ниту од администрацијата. Мебелот кој на некој не му требал дома, можел да се јави во Комуналец и без финансиски надоместок да го подигнат”, истакна Костадинов.
Исто така, тој предупреди на строги санкции доколку граѓаните практикуваат вакво нешто и во иднина.
– Таквото луксузирање на поединци ќе биде многу строго казнето.
Градоначалникот побара поддршка и разбирање од сите граѓани на Струмица и почит кон вработените во ЈПКД Комуналец.