Два дена по невремето првиот човек на општина Струмица Костадин Костадинов ги пвика граѓаните кои имаат штети од неделните поројни дождови но и градот што паѓаше да ги пријават истите до космисијата за проценка на штети .
Ве информирам дека сите кои имате штети предизвикано од невремето пред два дена, можете да поднесете Барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при општина Струмица. Барањето може да се подигне од канцеларија број 7 во општинската зграда или во електронска форма може да го преземете од веб страницата на општина Струмица.Во прилог на Барањето потребно е да се достави Имотен лист кој го содржи бројот на парцелата за која се бара процена (може и копија) и Договор за закуп доколку предметната парцела за која се бара процена е во сопственост на друго лице. Комисијата ќе постапи по поднесените Барања согласно законските прописи.Лица за контакт:Ване Крстев – 076208494 –Претседател на КомисијатаЕмилија Пандева – 078322954 – Член на Комисијата