• Fri. Nov 22nd, 2024

Косово од денеска со рестрикции на струјата – два часа ќе бидат исклучени од мрежата

ByВане Трајков

Aug 15, 2022

Косовскиот дистрибутерот на електрична енергија (КЕДС) од денеска почнува со рестрикции на струјата во период од два часа за сите корисници на струја.

Дообјаснуваат дека корисниците ќе имаат струја шест часа, а потоа ќе бидат исклучени два часа.

Како што е соопштено КЕДС добил наредба од Националниот диспечерски центар на Косово бидејќи компанијата веќе нема пари да  купува струја од странство, и ќе се сведе на дистрибуција само на домашна електрична енергија.

Од КЕДС посочуваат дека ваквата состојба настанала поради екстремно високите цени на струјата на меѓународните пазари и неисполнувањето на трошоците на системот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *