Фудбалската селекција на Аргентина рано утринава го зазема првото место во групата на Копа Америка благодарение на убедливиот триумф од 4-1 над Боливија. Асот на Барселона, Лионел Меси, постигна два гола и тоа за само 9 минути, а притоа стана рекордер кај „гаучосите“ – со 148 настапи во националниот дрес.
Мрежата на Боливијците ја тресеше во 33. и 42. минута, а претходно Папу Гомез по асистенција на Меси во 6. минута го отвори резултатот. Последниот гол за Аргентина беше дело на Лаутаро Мартинез во 65. минута, само 5 минути откако Савендра го постигна единствениот гол за Боливија.
Уругвај предводен од Луис Суарез и Едисон Кавани стигна до второто место во групата благодарение на погодокот на „Ел Матадор“ на мечот против Парагвај, во 21. минута од мечот за конечни 1-0.
извор: makfax