• Wed. Nov 27th, 2024

Конфедерацијата на синдикалните организации ќе одржи протест на 1-ви мај

Претставници на Конфедерацијата на синдикални организации најавија дека по повод 1-ви мај, Меѓународниот ден на трудот, ќе организираат протест.

Маријан Ристески, претставник на Конфедерацијата, наведе дека оваа година синдикалните претставници ќе ги прошират нивните барања за заштита на правата на работниците.

Посочи дека, поради тоа што во последно време се регистираат напади врз припадници на шумската полиција, затворската, како и редовнапа полиција, ќе побараат законски измани со кои ќе се зголеми нивната заштита.

Ги повика сите работници да се приклучат на протестот.

Доаѓа времето синдикални претставници кои знаат како да ги бранат правата на работниците. Има прекувремена работа, има прекршување на работнички права, не се почитува Законот за работни односи. Ние како работници мора да го кренеме гласот, нагласи Ристески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *