• Sat. Nov 23rd, 2024

Контроли на увозници на овошје и зеленчук на Кванташки пазар во Скопје, Струмица, Дебар…

Од утринава, над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат се на терен на територијата на цела држава и вршат контрола на увозниците на зеленчук и овошје. Инспекторите на ДПИ постапуваат во координација со Управата за финансисика полиција и Управата за јавни приходи.

Со контролата на ДПИ се опфатени увозници на зеленчук и овошје во Скопје, а влезено е и на Кванташки пазар. Исто така, се вршат надзори и кај увозниците на големо во Струмица, Дебар и други градови, информираат од Инспекторатот.

Како што вели директорот на ДПИ, Горан Трајковски, во случај инспекторите да утврдат прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека акциојата ќе трае во текот на целиот ден, а информации за исходот ќе бидат објавени в понеделник. Од ДПИ најавуваат дека контролите ќе продолжат и во текот на наредниот период. 

На предлог на Министерството за економија, Владата донесе одлука трговците и увозниците кои продаваат овошје и зеленчук, да прибавуваат и продаваат 70 отсто од количествата коишто ги продавале во јануари и февруари.

Вчера, пак министерот за економија Крешник Бектеши најави дека цените на овошјето и зеленчукот, кои од средата беа замрзнати, идната недела ќе бидат коригирани и ќе има мало зголемување или намалување, но ниту еден од производите кои се дел од овонеделната владина одлука, нема да има цена повисока од 100 денари.