• Sat. Nov 23rd, 2024

Комплетно уредена улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија

ByЃ. K.

Sep 11, 2023

Улицата „Свети Кирил и Методиј“ – Гевгелија, по завршувањето на изведбените работи, е комплетно уредена со атмосферска канализација и покриена со асфалт. Ова е уште една улица во должина од 200 метри во јужниот дел на градот, којашто беше опфатена со Проектот на Општина Гевгелија за изградба на атмосферска канализација на 1/3 во градот, но и целосно асфалтирана преку акцијата на Општина Гевгелија за подобрување на патната инфраструктура во јужниот дел.

Покрај тоа, улицата е целосно пробиена, со што значајно се подобрени условите во одивањето на сообраќајната комуникација, имајќи ја предвид фреквентноста на возила. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изрази благодарност до Златко Проданов, кој ја отстапи имотната површина во негова сопственост за целосно пробивање на улицата. На одредени делови се изградени и пешачки патеки, а на кружниот тек, кај Градската библиотека, се заменети рабниците.

By Ѓ. K.