Комисијата за заразни болести утрово до Министерството за здравство доставила предлог-одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР-тестирање.
„Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со Ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите“, соопшти Министерството.
Предлог-одлуката ќе биде доставена до Владата.