Комисијата предложи учениците да не носат маски во училиштата
Учениците не мора повеќе да носат маска за време на часовите, препорачува Комисијата за заштита од заразни болести.
Кој сака, може и понатаму да носи маска, појаснуваат од таму, но повеќе не е задолжителна. од друга страна пак, наставниците и техничкиот персонал и понатаму мора да носат маски.