• Sat. Nov 23rd, 2024

Колку казни се напишаа од УЈП за трите последни вечери на СОФ за непочитување на Законот за готовинско плаќање.

Управата за јавни приходи пред почетокот на СОФ најавуваше голема акција помеѓу тезгите кои беа поставени на плоштадот во Струмица за време на трите последни фестивалски вечери .Градскиот плоштат беше преполн со штандови за пијалоци и храна а меѓу нив беа инспектори од цела држава кои вршеа инспекциски контроли и мониторинг на готовинскиот промет.

Бараа од секој штанд да се издава фискална сметка.Најавата преку медиумите одеше двапати со потсетување на сите кои ќе вршат продажба дека мора да поседуваат фискални апарати, во спротивно ќе пишувале казни и до 5 илјади евра.

Завши и фестивалот , но засега од регионалната канцеларија на УЈП нема информација колку казни се напишани и колку од сопствениците на штандовите нне го почитувале законот за готовинско плаќање.Не пратија информација да побараме од државната канцеларија,но и Весна Новаковиќ портпарол на УЈП незнаеше колку казни се напишани.Ќе ги чекале сите извештаи од инспекторите а деновие ќе ја имале и точната бројка и собрани пари од казни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *