Поаѓањето во градинка најчесто претставува прво одвојување на детето од родителите и влегување во нова непозната ситуација. Од голема важност е и родителите да покажуваат разбирање, трпеливост, внимание и нежност во односот со детето додека е во период на адаптација во градинка…
Креативноста на воспитувачките и негувателките исто така се предуслов за квалитетен престој на детето во детската градинка, вели директорката на оваа установа Софче Димитријева.
Една недела до десет дена му се потребни на едно ново дете да се навикне во градинка вели воспитувачка во детската градинка Виножито во Струмица.
Искуствата и знаењата кои ќе ги стекне детето во оваа установа се незаменливи и не може да се споредат со чувањето дома, иако бабите се полни внимание и љубов за внучето. Заради сите овие причини не дозволувајте вашето дете да ја пропушти можноста да оди во градинка.
Прилог на Ивана Вангелова