Кои кандидати за пратеници од Струмица се на добитни места по првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија? Доколку не се променат резултатите, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе освојат по десет пратенички места во четвртата изборна единица.
Од Југоистокот, ВМРО ДПМНЕ ги добива пратениците: Дајанчо Евтимов од Василево, Ели Панова од Струмица, Здравко Трајанов од Радовиш, Ангелина Петкова од Гевгелија и Јадранка Поцкова од Струмица.
Во првите десет на социјалдемократите, пак, влегуваат: лидерот на партијата, Зоран Заев од Струмица, Марија Костадинова од Гевгелија, Костадин Костадинов од Струмица и Никола Чаракчиев од Радовиш.