• Fri. Nov 22nd, 2024

Козметичкото студио „Поинт“ затвора поради коронавирусот

Козметичкото студио „Поинт“ нема да работи поради ситуацијата со коронавирусот. Иако нема препораки за затворање, сопственичката на „Поинт“, Даниела Ваканска, одлучи дека треба да бидат затворени поради големата фреквенција на луѓе во салонот.

„Не можеме да бараме свесност и одговорност а во истовреме да не преземеме максимални мерки за безбедност. Во едно козметичко студио дневно влегуваат голем број луѓе заради различни причини и потреби. Никогаш не можеме да бидеме сигурни дали ќе дојде клиент со вирус и кој се понатаму ќе го добие. Не е време за ризикување со нашето здравје“, вели Даниела.

Од „Поинт“ апелираат дека студиото ќе биде затворено до стишување на пандемијата. Во Македонија во моментов има вкупно 18 заболени со коронавирус. Деветнаесетиот случај, односно првата заболена веќе е излекувана и утре ќе замине дома.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *