Салата во Гевгелија беше место на одржување на убав спортски настан, откако кошаркарскиот клуб Кожув организираше хуманитарен натпревар меѓу две генерации на ветерани на гевгеличани пренесе порталот Екипа
Околу 500 навивачи се собраа да дадат поддршка на оваа акција,во која повозрасните беа предводени од капитенот Ѓоко Андреев, а настапија и Дуев, Струпар, Венци Гавровски… додека кај оние помладите на теренот се појавија Драган Лазаревски, Димитар Јаневски, Благој Јаневски…
Резултатот не беше во преден план, а оние кои дојдоа во салата можеа да уживаат во добрите потези на овие некогаш одлични кошаркари.