• Tue. Nov 26th, 2024

Ковид состојбата во Гевгелија драстично влошена, расте бројот на хоспитализирани

ByВане Трајков

Jan 20, 2022

Состојбата со ковид-19 во Гевгелија драстично се влошува. Секојдневните двоцифрени бројки на позитивни го зголемија бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центарот нервно психијатриското одделение  чии капацитет е 12 лица, заради што од гевгелиската болница веќе размислуваат за повторно отворање на модуларанта болница. Во моментов во Гевгелијa се водат околу 300 активни случаи и значително е зголемен бројот на лица кои што бараат болничко лекување

Заради високите бројки на ковид пациенти, заседаваше општинскиот кризен штаб на Гевгелија. Тој од сите угостителски објекти, маркети и превозници, побара стриктно почитување на мерките за заштита од коронавирус при што апелираа до надлежните инспектори да ги засилат контролите на терен

Гевгелија важеше за една од општините со најголем опфат на вакцинирани лица проитв ковид-19 , но како што велат лекарите заради опуштање на граѓаните и непочитување на мерките, бројката на новоинфицирани постојао расте. Од почетоктона пандемијата во Гевгелија вкупно заболеле  3 533 лица а од последиците на ковид починале 97 лица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *