• Sat. Nov 23rd, 2024

Кларинетистите Агушев и Ирфаноски со втори награди на Државниот натпревар

Енес Агушев (2007) и Исрафлекбер Ирфаноски (2010) од класата на професорот Томе Лазаров освоија втори награди на натпреварот по кларинет во рамки на Државниот натпревар за учениците од основните музички училишта, што го организираат Музички и балетски педагози на Македонија.

Државниот натпревар продолжува утре и во сабота, на кој ќе учествуваат и други ученици од ОМУ „Боро Џони“ кои освоија награди на Регионалниот натпревар во Штип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *