Струмичани сеуште ја чекаат првата победа на КК Струмица во оваа сезона. Избраниците на Власис Влаикидис поразени и од ослабениот Фени во Кавадарци. И без своите најдобри играчи Шакиб Дејвис и Андреј Магдевски, Фени Индустри не се намачи против Струмица. Славеа со 81:63 за трета победа во сезоната а струмичани да го претрпат петиот пораз кој веќе го пали црвеното светло во струмичкиот табор.
Струмичани рамноправни беа само во првите десет минути кога имаа егал резултат (21:20) но во продолжение немаа решение ниту играчи кои можеа да им парираат на кавадарчани кој го добија со плус 18
Тајнс со 19 и Цветков со 14 и Стојменов со 11 поени беа најефикасните кај Струмица кој следното коло ја има првата шанса да забележи победа и тоа против гевгелиски Кожув.
По пет колга Струмица заедно со гевгелиски Кожуф, скопски Шкупи и битолски Пелистер се на дното од табелата без победи