Кошаркарите на Струмица на свој терен во салата Парк, претрпеа пораз од битолски Пелистер со 53:60 и останаа на дното од прволигашката табела со само две победи. Иако имаа светли моменти во играта, сепак не можеа да им се спротистават на гостите кои со американецот Роберт Луис заминаа со ,,полна капа,, од струмичката сала.
Грешките и лошата реализација во последната четвртина ги чинеше нов пораз на струмичани. Во текот на натпреварот иако Пелистер имаше предност сепак струмичани успеваа да имаат егал а во последните десет минути влегоа и со плус два . Но за жал постигнаа само 8 поени за 10 минути недоволно за трета победа во шампионатот
Кај гостите Луис беше најефикасен со 23 поени кај домаќините Арсовски со 15 и Макенаџиев со 12 беа најефикасните поединци …..Струмица – Пелистер 53:60 (10-15; 21-18; 14-10; 8-17)
фото ЕКИПА