Кошаркарите на Струмица утревчер во салата Парк ( 3.12.) со почеток во 18 часот и 30 минути го пречекуваат тимот на Охрид во рамките на 4 тото коло од Првата кошаркарска лига на Македонија
Имајки во предвид дека и двата тима имаат по една победа и две порази , дуелот Струмица- Охрид се смета како дерби во вториот дел од табелата. Охрид има квалитетни играчи и речиси во секој дуел даваат максимум, така што за избраниците на Зетов нема да бидат лесна задача
Играта на Струмица е во нагорна линија но нема победи . Единствено се извлекоа со против Вардар. Одиграа во своите можности против Работнички и Кожув во Гевгелија но претрпеа високи порази.
Победа дефинитивно им е потребна за избегнување на опашката во најелитното кошаркарско натпреварување. Ќе дадат ли максимум момците на Зетов и Настев ќе се види во салата Парк .