КК ,,Струмица,, е еден од 12 те клубови кои ставија потпис на иницијативата за свикување вонредно собрание на КФМ за смена на актуелното раководство и претседателот Пеце Наумоски. Според Статутот на федерацијата токму Наумоски треба во рок од 14 дена да го свика Собранието во спротивно, клубовите сами ќе го одржат Собранието.
„Се надеваме дека во најкраток можен рок Претседателот на МКФ Петар Наумоски ќе свика вонредно Собрание како би се разрешиле сите настанати проблеми во врска со натпреварувањето“, стои во известувањето од Здружението на клубовите од Прва лига мажи.
Освен Струмица на иницијативата за промена на актуелното раководство на КФМ се приклучија и МЗТ Скопје, Работнички, Карпош Соколи, Кожуф, Фени Индустри, Куманово и Пелистер. Тие му забележуваат на Наумоски за Регистрацискиот правилник за играчи за што минатиот месец побара корекција на цените на лиценците, но претседателот Наумоски го одби нивното барање.