• Sat. Nov 23rd, 2024

КК Блокотехна шампион на БИБЛ Лигата

Кошаркарите на „Блокотехна“ во една извонредна игра во финалето на БИБЛ лигата во Тирана, ја совладаа екипата на „Теута“ со резултат 82-68. Така, Блокотехна, за прв пат во својата и во кошаркарската историја на Гевгелија стана шампион во регионалната „БИБЛ“ кошаркарска лига. Иако ослабени, поради повредите на капитенот Горан Главчев, Данило Мијатовиќ и Војче Лефковски, сите играчи на гевгелискиот тим го дадоа својот максимум и го добија своето прво финале. Пресудна се чини беше играта во одбрана.
Првата четвртина Блокотехна ја доби со висока победа од 25-9, втората ја доби Теута со 21-17, но во третата се чини Блокотехна го реши финалето во своја корист. Во оваа четвртина гевгелиските кошаркари освоија 28 спрема 15 кошеви. Последната четвртина беше формалност и Блокотехна ја доби со 23-12. Најдобри кај шампионите беа Пен со 31 поен, Ѓумиќ со 17 и Николиќ со 15 поени. Кај Теута најефикасни беа Хамати со 18, Вилсон и Виљотијевиќ со 13.
-Се чувствувам прекрасно, се радувам што успеавме да ја освоиме оваа титула. Иако, мора да признам, дека сум по малку и тажен што тоа не го направивме со КК „Кожув“, кој е секако дел од мојата кошаркарска историја, и јас посакувам еден ден и на нив да им се случи да имаат ваков голем успех. Среќен сум што го носиме пехарот во Гевгелија и таму ќе прославуваме. Игравме без двајца важни играчи, но останатите го оставија срцето на теренот и го дадоа својот максимум. Постоиме две и пол години, втора година сме во БИБЛ лигата и се надевам дека ова ќе биде само еден чекор кон освојување и на други трофеи“, изјави по победата Томица Главчев, првиот човек на КК Блоктехна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *