„Мало маче беше Тошо и од храбар сој
со глувците често се пушташе в бој.“
Ова се стиховите што како петтоодделенец ги напишал Киро Донев, еден од најпознатите и најплодни писатели за деца. Уште тогаш се наѕирала ведриот и досетлив хумор, кој ќе стане заштитен знак на тцорештвото. Денеска, на светскиот ден на литературата за деца, Киро Донев се присети како ја засакал книгата и кога почнал вистински да се интересира за литературата. Тој се претстави со своето творештво пред учениците од ОУ „Гоце Делчев“ во Василево, на настанот што го организираше Домот за деца и младинци „Благој Мучето“ од Струмица.