• Sat. Nov 23rd, 2024

Киро Донев – „Големиот принц“ на македонската литература за деца

Македонскиот писател за деца и млади Киро Донев е годинашен добитник на меѓународната награда Големиот принц, што ја доделува Издавачката куќа Феникс од Скопје. Киро Донев наградата ја добива за својот богат и содржаен книжевен опус. Инаку, Донев пред две години прослави 75 години од својот живот и 50 години од своето творештво.
Киро Донев е претседател на Клубот на писателите Ванчо Николески при Друштвото на писателите на Македонија. Наградата ќе му биде врачена на Првиот меѓународен фестивал за деца и млади „Биди дете“, кој ќе се одржи од 8-12 мај за време на одржувањето на Меѓународниот саем на книгата во Скопје. По тој повод во издание на Феникс ќе биде објавена книга со гатанки, како специјално издание за најмладите со поговор од писателот Трајче Кацаров.

Киро Донев во неговата лична библиотека во Моноспитово


Киро Донев е роден во с. Моноспитово, Струмичко на 21 март 1942 година. Беше новинар, главен и одговорен уредник и директор на „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“. Член е на ДПМ од 1970 година. Денес како пензионер живее во родното село.

Киро Донев е страстен вљубеник во природата, но и во ловот. Речиси секоја недела го посетува мочуриштето во неговото Моноспитово


Автор е на книгите: Жаба спикер (поезија, 1967), Било – не било (раскази, 1969), Априли – ли (пиески, 1969), Да се запознаеме (раскази, 1971), Мешана салата (хумористично-сатирична проза, 1972), Ај погоди (гатанки, 1982), Битката на Мечкин камен (повест, 1982), Шенко (роман, 1983), Јордан Пиперката (повест, 1983), Пере Тошев (повест, 1984), Стражари на мирот (раскази, 1985), Збркана сказна (роман, 1986), Мојот свет (избор, 1986), Ден по ден година (раскази, 1987), Ајде да патуваме (сликовница, 1988), Внукот на мајорот (роман, 1989), Шарена криенка (раскази, 1990), Наталија во лагалија (сликовница, 1990), Таинтсвена книга (сликовница, 1990), Ден по ден година (сликовница, 1991), Манастирски ѕвона (роман, 1992), Далаверите на Добре лошиот (роман, 1992), Четириножните рицари (роман, 1993), Азбучна криенка (гатанки, 1995), Стихувани случки за внучиња и внучки (поезија, 1997), Надуенка (раскази, 1997), Збркана бајка (роман, 1997), Шарена криенка (раскази, 1998), Киндер квачка (роман, 1999), Приказни од Зоопаркот (раскази, 2000), Дневникот на Васко Пикаско и Зорка Сештозборка (раскази, 2011),Театар без билет (раскази, 2010), Приказни од куќичката на дрво (раскази, 2014), Секој има право да се храни здраво (песни, 2014), Приказни од цел свет за добра ноќ (приказни, 2014), Јамболија што лае (раскази, 2015), Училишен театар (пиески за деца, 2016), Приказни за годишните времиња (раскази на бугарски јазик,2016), Збркана сказна (роман на бугарски и украински јазик,2016), Весел зоопарк (раскази на бугарски и украински јазик, 2016), Стихови во боја за дедо мраз (песни, 2017), Било и се скрило (поезија, 2017).

Киро Донев има издадено педесетина книги претежно за деца, но има и за млади и возрасни. Оваа фотографија е во неговата библиотека, пред витрината со неговите дела


Автор е и на десетина радио и ТВ драми за деца и млади. Неговите книги се преведени на: српско-хрватски, турски, албански, бугарски, украински и руски јазик.

Постојано нешто пишува, запишува


Добитник на наградите: „Гоцева повелба“ – Подгорци, „Ванчо Николески“за најдобра книга за деца, награда Курирче и „Струшко изгрејсонце“ на фондацијата„Македонија презент“.

Во библиотеката има катче посветено на Видое Подгорец, за кој вели дека е негов духовен татко

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *