Кварталниот Буџетски извештај на Струмица за првите три месеци од ова 2017 година не помина. Советниците од ВМРО ДПМНЕ И СП не гласаа за извештајот кој покажува дека реализацијата на Буџетот за првите три месеци изнесува 18 %. За нив извршувањето на Буџетот е слаб додека за советниците од коалицијата на СДСМ е добар со оглед на состојбите во државата по предвремените праламентарни избори од декември минатата година
Иако беше закажано за денеска продолжението на 50 тата седница, советниците од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ не присуствуваа на истата со што пропадна и третата можност 14 струмичани да ги легализираат своите градби бидејки на истата требаше да се донесе промени на ДУП со кои струмичани ќе можат да ја продолжат постапката за легализација. Еве што по седницата кажа Јосиф Христов претседател на Советот.