Кикбоксерите од ,,Тим Зоран ’’ од Струмицаа на Државното првенствно во кик боск во Скопје за кадети, јуниори и сениори освоија вкупно десет медали од кои Ристе Чавков и Андреј Трајков ги освоија златните медали и станаа кадетски државни прваци. Чавков во конкуренција до 28 а Трајков во конкуренцијата до 39 килограмиг.
Сребрени медали на државното првенство освоија Драган Пандев во кадетска до 32 кг, Славе Делиовски во јуниорска конкуренција – категорија над 69 кг, Александар Ивановски јуниорска до 79 кг и Бранко Ѓеоргиев јуниори над 94 кг.
Бронза на првеството освоија Бранко Пандев во кадетска до 49 кг, Александар Димитров во јуниорска конкуренција до 69 кг, Васко Илиев јуниорска до 63 кг и Нове Стојков во сениорска конкуренција до 79 килограми