Вчера во 19.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на место викано „Ореш“, атар на с.Ново Село, било пронајдено починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а на телото имало видливи повреди. Увид на местото извршиле увидна екипа и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.