Вкупно 27 мигранти вчера биле откриени во товарно возило со кумановски регистарски ознаки на клучката Марвинци, Гевгелиско. Како што се наведува во полицискиот билтен, полицајците ги пронашле мигрантите во 18.20 часот на клучката Марвинци, Гевгелиско. Возачот Д.Р.(31) од Велес е приведен поради сомнение за извршено кривично дело „криумчарење на мигранти“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Мигрантите се предадени во Прифатниот центар Винојуг кај Гевгелија.
Во моматов на овој прифатен центар има околу 50 тина мигранти , а бројката не е константна.Некои од мигрантите се враќаат во прифатните центри во Грција.Наплив на нелегални мигранти не се очекува, а тоа го потврди и врховниот командант , претседателот Пендаровски при последната посета на Јинојуг.
Нелегалните премини иако не толку чести сепак ги има на југоистокот од земјава.Последниот обид на илегален мигрант заврши трагично кај Демира Капија.Именно, од МВР потврдуваат дека на 21 минатиот месец било пријавено дека товарен воз кој се движел во правец Гевгелија-Скопје, пред Демир Капија удрил во А.Н.(мигрант) од Пакистан, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.