Денеска околу 12.40 часот по претходна пријава за обид за кражба во близина на браната Мантово , полициски службеници од СВР Струмица се обиделе да го запрат возило Опел Фронтера (со словенечки рег.таб.) управувано од Т. Д. (2000). Во возилото биле и Х.Ј. (2000), Д.М. (20001), Х.А. (1998) и А. Ѓ. (2001) сите од Радовиш. Но, Т.Д. ја игнорирал наредбата на полициските службеници и наместо да го запре возилото ја зголемил брзината и се дал во бегство по локален земјен пат во правец на градската капела во Струмица. По него се упатиле две полициски возила и Т.Д. бил принуден да го запре возилото на излезот од Струмица. Тогаш полицискиот службеник Д.В. се упатил кон возилото и, според неговото кажување, кога се приближил до возилото бил нападнат од Т.Д. и тогаш испукал еден куршум од службеното оружје. Од куршумот биле повредени Т.Д. и А.Ѓ. кои веднаш биле пренесени во Медицински центар-Струмица, каде од страна на лекар се констатирани повреди од огнено оружје. Поради карактерот на повредите Т.Д. е пренесен во Клинички центар во Скопје. На лице место излегол Јавен обвинител, а во расчистувањето на случајот е вклучена и Внатрешната контрола на МВР која ја испитува постпката на полициксите службеници.. Се преземаат потребните мерки за целосно расчистување на случајот. На лице место се и повеќе тимови од Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења од Скопјe