Вчераво 13.00 часот на автопат А1 кај клучка Миравци, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Богородица, лишен е од слобода Р.А.(22) од Скопје. При контрола на патничко возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(23) од Скопје, а во кое како сопатник бил Р.А., било констатирано дека се бара во врска со сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, казниво по чл.418-б од Кривичниот законик. Имено, за него постои основано сомневање дека превезувал 15 лица мигранти од Сомалија, Пакистан Египет и Алжир, меѓу кои тројца малолетници, кои во 06.00 часот биле пронајдени од страна на полициски службеници во близина на с.Давидово, во возило „порше каен“, со прилепски регистарски ознаки. По насоки на Јавен обвинител, лицата мигранти се спроведени во Транзитен центар Винојуг Гевгелија, а Р.А. е приведен и во ОВР Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.