Персоналот на познатиот струмички локал „Концепт“ учествуваше во крводарителска акција во центарот за трансфузиона медицина во Струмица. Се собраа повеќе од 20 крвни единици кои доколку има потреба ќе бидат испратени на скопските клиники, каде се лекуваат повредените од големата автобуска несреќа во која загинаа 14, а се повредија 37 лица.