Католичките верници и дел од православните христијани, кои времето го сметаат по грегоријанскиот календар, денеска го слават Бадник во пресрет на Божик, раѓањето на Исус Христос.
Централната прослава во државава ќе се одржи во 18 часот во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ во Скопје. Светата божикна литургија ќе ја предводи бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов.
На литургијата во црквата ќе биде дозволено присуство на помал број верници во однос на изминатите години во согласност со протоколите за заштита од Ковид-19. Од Скопската бискупија информираат дека пред црквата ќе биде поставено озвучување и видеобим.