Католичките и протестантските верници и дел од православните христијани, кои се водат според грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божиќ
Божик денеска го слават и Вселенската патријаршија и православните цркви во Грција, Бугарија, Романија, Украина и Грузија, кои го прифатија грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет, кој се води според јулијанскиот календар, меѓу кои и Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Српската православна црква, Московската и Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.
Во божиќна порака скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, монсињор Киро Стојанов, нагласи дека верува оти во оваа време би било утешно за сите нас да слушнеме повик на многу народи да тргнат по патот на мирот, дури и ако тие би можеле да произлезат од устата на оние кои го држат оружјето на моќта во своите раце.