Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
Традиционално во Македонија, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија.
Велигден е најголмиот христиајнски празник со кој се прославува христовото враќање во живот-воскресението.Според христијанското верување тоа се случило на третиот ден после неговата смртт.
Оваа година Римокатолиците го одбележуваат Велигден на 27 ми март, а православните, кои верските празници ги одбележуваат по Јулијанскиот календар, на 1 ви мај.
Во Ватикан од изутрината папата Франциксо ја служи Велигденската миса и ќе го упати традиционалниот велигденски благослов.