• Sat. Nov 23rd, 2024

Кардиологот Бакрачески од Охрид ќе врши стентирање и коронографии во струмичката болница

ByВане Трајков

Mar 20, 2018

Поранешниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески ќе работи во струмичката болница каде ќе врши кардиолошки интервенции на пациентите во југоистокот. Тој во Струмица ќе доага наизменично со негови колеги со цел да се развие интервентната кардиологија во југоистокот и пациентите со акутен инфаркт да не се препраќаат во Штип или Скопје

Доагањето на Бакрачески во струмичката болница е дел од планот  на министерот за здравство Венко Филипче за развој на интервентната кардиологија во внатрешноста на земјава , вели директорот на струмичката болница Гогов. Тој смета дека на овој начин се отвара можноста за едукација и на персоналот во струмичката болница

За три години низ ангио салата во Струмица поминале 860 пациенти, од кои кај 360 тина  се ставени  стентови, а 185 пациенти биле третирани со акутен миокарден инфаркт. Освен Бакрачески од Охрид во струмичката болница ќе доаѓа и кардиологот од клиничката болница во Штип – Сашко Николов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *