Регионалниот координатор на СОНК од Гевгелија Даниела Караманова тврди дека се поголеми биле притисоците да не се штрајкува во градинките.Во установите за детска заштита во овој дел од државата се згрижуваат деца но како и секаде нема воспитно образовен процес. Таа вели дека во градинката во Богднаци воопшто не се штрајкува додека во Гевгелија и Валандово поголемиот дел работат а помал број штрајкуваат. Во Валандово како што изјави за Канал ВИС штрајкувале само 17 лица од вкупно околу 50 тина вработени додека во Гевгелија штрајкуваат само 43 вработени од вкупно 117 што се водат како вработеи таму