• Mon. Nov 25th, 2024

Државната комисија за спречување со корупција ја објави имотната сосојба на градоначалниците на Струмица, Валандово, Богданци, Дојран, Ново село и Босилово. Јавно достапни се нивните акнетни листови во кои е прикажана состојбата- колкав и каков имот поседуваат со стапувањето на функцијата градоначалник. Според објавените информации најмногу имот на свое и име на најблиските, имаат градоначалниците  на Ново село – Боро Стојчев  и на Богданци – Блажо Шапов. Вредносно најмалку имот прикажал градоначалникот на Валандово- Перо Костадинов.

Како што е објавено на сајтот на  комисијата градоначалникот на Струмица – Коста Јаневски прикажал имот од околу 16 милиони и 800 илјади  денари  и тоа како личен, заеднички и имот на деца. Пријавил две куќи во Струмица, стан во Скопје  моторно возило Опел вектра и кредит.

Анго Ангов градоначалникот на Дојран  пријавил три моторни возила, градежно земјиште, кука, стан и депозити, лични и на семејството, со вредност од 10 милиони и 500 илјади. На негово име се води стан во Гевгелија и автомобил Форд мондео.

Првиот човек на Босилово -Зоран Зимбаков  според анкетниот лист  има само личен имот и тоа во вредност од 2 милиони и 300 илјади денари. Поседува градежно и земјоделско земјиште и  куќа во Босилово но и моторно возило Опел Вектра

Неговито колега, градоначалниот на Ново село  Боро Стојчев  пријавил имот  од околу 35 милиони денари. Се води како личен , на родители, деца ,сопруга . Тој со семејството поседуваат пет моторни возила, мицубуши и сузуки, земјиште и куќа во  Ново коњарево а пријавени се 70 сандаци со пчели и 71 грло крави со попратни машини и опрема

Долг е списокот на имотната состојба што ја пријавил градоначалникот на Богданци- Блаже Шапов. Како имот на родителите, Шапов навел станови, деловни простории, градежно и земјоделско земјиште. Но вредноста на имотот на родителите не е наведена иако станува збор за повеќе недвижнини. Како личен имот  Шапов наведел само трактор, возило Опел вектра и земени кредити.

Градончалникот на Валандово -Перо Костадинов е ,,најсиромашен’’ според прикажаната имотна состојба во Државната комисија. Со семејството поседува земјиште, куќа, трактор во вредност од милион и 700 илјади денари. Како личен имот Костадинов  пријавил само банкарски депозит од 23 илјади денари и според овие  податоци тој е единствениот градоначалник кој нема возило.

Анкетни листови доставиле и останатите градоначалници  Сашко Поцков на Гевгелија, Герсим Конзулов на Радовиш, Марјан Јанев на Василево и Благој Илиев на Конче. Од Комисијата информираа дека постепено се обработуваат и објавуваат анкетните листови на избраните функционери кои имаат законска обрска да го пријават имот со стапувањето на функција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *