• Fri. Nov 22nd, 2024

Казни за 326 возачи за брзо возење на територија на цела држава

ByЃ. K.

Aug 24, 2023

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 326 возачи, извести МВР.

– Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 172 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 154 надвор од населено место, велат од МВР и додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

By Ѓ. K.