Вчера во времето од 15:00 до 19:00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица е спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. При контролата се констатирани дванаесет прекршока, за кои се издадени дванаесет прекршочни платни налога.