• Mon. Nov 25th, 2024

Казнети 161 возач за брзо возење во Југоистокот, 45 на подрачје на Струмица

ByЃ. K.

Aug 29, 2023

На 28.08.2023 во периодот од 08.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, соопшти МВР.

Притоа, биле констатирани 161 прекршување на брзината, од кои 82 на подрачје на Радовиш, 45 на подрачје на Струмица, 20 на подрачје на Валандово и 14 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 126 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 35 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

By Ѓ. K.