Со освојување на вториот сет од полуфиналниот натпревар против Бамикор Тетово, одбојкарките на Наковски волеј обезбедија директен влез во финале од државното одбојкарско првенство кадетска категорија.
И покрај резултатот од 3:1 во сетови во корист на Бамикор на овој натпревар, девојките на Наковски волеј покажаа подготвеност и борбеност во игра во текот на целата оваа сезона, обезбедија предност и само еден сет беше доволен за финале каде ќе се игра против Газели Скопје.
Наковски волеј сериозно атакува на уште една шампионската титула оваа година.