Кадетите на „Струмица“ ја освоија Шампионската титула откако вчера на завршниот турнир во Штип ги совладаа домакините, кадетскиот состав на штипски ,,Мавис,, со 3:0 во сетови. Претходно пак во полуфиналето младите одбојкари од Струмица славеа победа над Борес со 2:1 во сетови. Со ова титула, ОК Струмица се потврдува дека ги има најквалитетните одбојкари од младинските погони. За потсетување лани речиси во сите младински категории ОК Струмица ги понесе титулите.