• Fri. Nov 22nd, 2024

ИЈЗ: Продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 24 до 30 август 2020 година направени се 9.944 тестирања на коронавирусот, а регистрирани сe 666 нови позитивни случаи, што претставува намалување од 20,6% во однос на претходната недела.

Новорегистрирани случаи има во 29 градови во државата, а најголем дел се од Скопје – 31,4%. Во истиот период, во 23 града, или 7 повеќе во однос на претходната недела, бројот на новодијагностицирани е под 20.

Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 6.7%, што претставува намалување од 0,8% во однос на претходната недела. Овој индикатор и натаму покажува континуиран тренд на намалување во однос на претходните недели кога истиот се движи од 10%, 9.4%, 8.6%, 7.8%, и 7.5%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. И во овој период најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 158 (23,7%) позитивни.

Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=138; 20,7%), 50-59 (n=122; 18,3%) и 20-29 (n=113; 17,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=12; 1,8%) и 10-19 години (n=31; 4,7%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=657; 98,6%), регистриран е 71 (10,7%) хоспитализиран (намалување од 40,3% во споредба со минатата недела), а кај 195 (29,6%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 212 (32,2%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 24 лица со историја на патување во последни 14 дена.

Во споменатиот период, по добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.112 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 558 лица или 100% повеќе во однос на претходната недела.

Пријавени се 35 смртни случаи од 13 градови, зголемување од 84,2% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 26 биле над 60 години, 5 на возраст од 50-59 и 4 на возраст од 40-49 години. Сите починати биле хоспитализирани, а коморбидитети се регистрирани кај 29 од случаите.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *