По „Гледач во небото“ и „Чекор помеѓу“, Ице Беличев ја промовираше третата поетска книга со наслов „Мелодија на платно“.
Промотивната реч ја одржа д-р Ана Витанова Рингачева, која е и рецензент на книгата, а стиховите на Беличев ги интерпретираа Сузана Мицева и Катерина Панов Кожаров, во придружба на Елена Ѓоргиева и нејзината гитара.