Управата на „Брера Струмица“ спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Џовани Валенти кој од денес нема да го предводи првиот тим.
47 годишниот Валенти кој во Италија има работено со младински погони на повеќе калчолигаши но и младите репрезентации на Италија, во тимот на Брера пристигна во јуни годинава. Валенти максимално и професионално се посвети во работата со првиот тим при што внесе нов елан и енергија во играта на фудбалерите. Под палката на Џовани Валенти сениорскиот состав забележа 5 победи исто толку нерешени исходи и 7 порази. Со вкупно 20 бода Брера се наоѓа на 8 позиција на прволигашката табела.
Клубот му се заблагодарува на Џовани Валенти на соработката, но и му посакува многу успеси во понатамошната кариера, а благодарност упатија и до Кавали и Пегорари кои во клубот внесоа доста професионализам во изминатиот период.