Струмичката полиција соопшти дека е исчезнат 56 годишен маж со иницијали А.А од Струмица. Исчезнувањето го пријавил неговиот син К.А синоќа околу 22.45 минути. Синот во полицијата рекол дека неговиот татко се оддалечил од домот.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.