Добрата вест ја споделија нивните роднини коишто апелираа за помош на социјалните мрежи. Инаку, двјцата мажи на возраст од 70 години, излегле утрото на прошетка во планината. Околу 17 часот, едниот од нив му с ејавил на синот дека се загубени кај месноста Круша. Синот пријавил во полиција, а подоцна таткото не успеале да го контактираат бидејќи телефонот му бил исклучен. Најверојатно се испразнила батеријата или немало мрежно покривање на теренот во којшто се движиеле.
Веднаш беше организирана потрага од полициски службеници, Шумска полиција и ловџии од ловното друштво „Елен“ од Гевгелија, кои исто така се добри познавачи на теренот.
Прочитајте: Исчезнаа двајца гевгеличани